
ХРВАТСКА ќе се бори за финале, го испрати Бразил дома
Хрватска е во полуфиналето на СП откако по пеналите го елиминираше Бразил.
Фудбалската репрезентација на Хрватска приреди сензација и го исфрли Бразил од четвртфиналето на Светското првенство, откако подобро изведуваше пенали со 4-2 (1-1).
Пресметката на „Едукејшн Сити“ во Ал Рајан беше релативно изедначена, но откако дуелот влезе во пенал-рулетот, Хрватите одново ја покажаа својата моќ и го елиминираа големиот фаворит.