
Хуманитарен концерт денеска во Струга
Денеска со почеток во 16:00 часот во Домот на култура ,,Браќа Миладиновци” во Струга, учениците и професороте од ПСУ-Јахја Кемал и ПОУ Јахја Кемал – Џуниор од Струга организираат хуманитарен концерт за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди соседна Албанија. Цената на билетот ќе биде произволна за секој посетител, а собраните средства ќе бидат донирани на најпогодените семејства. Училиштето исто така, спороведува акција за собирање храна, средства за хигиена и други производи и намирници, се со цел да им се помогне на нашите драги соседи во овие тешки моменти.