Хуманитарен концерт за Ева утре во Охрид

Хуманитарен концерт за Ева утре во Охрид

Во недела 2-ри февруари 2020 година, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош на 12-годишната Ева од Охрид која боледува од тумор на мозокот, Pilocytic Astrocytoma.

Хуманитарниот настан е поделен на два дела– детски, кој ќе започне во 12:00 часот и дел за возрасни, кој ќе стартува од 13:30 часот.

За Ева ќе настапат:  Фолклорниот ансамбл „Бисери“, хорчето „Весели бисерчиња“, одбрани песни од детскиот фестивал „Распеано рибарче“, како и Студиото за танц „Соната“. Покрај нив пред публиката ќе се претстават и Ѓоко Танески, The Backdoor Band, Жармена и Китроз, Каролина и Оли Китан, Ивана Коскоска, Емилија Колоска и дуото Black Moon (Мила и Билјана).

Во текот на февруари 2020 година, Ева треба да замине на радио-терапија во Турција, која заедно со приемните прегледи чини 18.500 евра. Родителите на Ева не се во можност да ги обезбедат потребните средства.

Освен со присуство и донација на хуманитарниот концерт, сите хумани граѓани можат да донираат и на жиро сметки:

– жиро сметка за донации од Македонија: 240127104572478, УНИ Банка, Зоран Колоски

– за донации надвор од Македонија: IBAN: MK7240127104572478

Извор:Strugaonline

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds