
Хуманитарна акција на 9-ти и 10-ти март во Струга
Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Струга и координаторот за еднакви можности во соработка со општинската организација на Црвен крст-Струга и Центарот на заедницата – Струга, организираат хуманитарна акција за собирање чиста облека, храна (конзервирана, тестенини, нерасиплива долготрајна), хигиенски и парични средтсва.
Сите хумани граѓани ќе можат да донираат во среда и четврток (9-ти и 10-ти март) во период од 10:00 до 14:00 часот во салата на Советот на Општина Струга (до Народна одбрана).
Собраните продукти и средства ќе бидат донирани на семејства и поединци од социјално ранливи категории и корисници на социјална помош.
Настанот се организира во рамки на годишната програма за еднакви можности на комисијата при Советот на Општина Струга и Меѓународниот ден на жената, 8-ми март.