• 23/09/2020

Хуманост кога е најпотребно – Изишоп со донација за медицинските лица од Струга и Дебар

 Хуманост кога е најпотребно – Изишоп со донација за медицинските лица од Струга и Дебар
loading...
Advertisement

Во исклучително тешкиов период за сите нас и предизвикот со кој сите се соочуваме, тимот на Изишоп не заборави да им помогне на оние кои се на првите борбени линии во борбата против пандемијата со Коронавирусот.Седиштето на Изишоп е во Струга, па сакавме да направиме гест со кој ќе им заблагодариме на медицинските лица што се грижат за нашите сограѓани и да им дадеме поддршка да истраат во оваа борба.Но, не ги изоставивме и медицинските лица од Општата болница во Дебар, оние кои беа први на удар.За таа цел, дониравме професионални анатомски кломпи за сите вработени во Градската болница во Струга, во болницата за дијализа во Струга, во Здравствениот дом во Лабуништа и во

Општата болница во Дебар, во соработка со фирмата Анел Ком.Кломпите имаат антистатичен, нелизгачки ѓон, а отпорни се и на стерилизација и дезинфекција. Нашата цел е да им дадеме поддршка на медицинските лица, кои несебично и неуморно се борат за сите нас.Со овој производ ќе им го олесниме долгото стоење и што е најважно, ќе им помогнеме да ја зголемат својата безбедност и да се заштитат себеси со можноста за стерилизација и дезинфекција.Сите срдечно не пречекаа и ни искажаа неизмерна благодарност.А ние, тимот на Изишоп, повторно ќе им кажеме: ВИ БЛАГОДАРИМЕ ХЕРОИ!Изишоп и во услови на криза непречено работи и врши достава на своите производи. Нашиот тим се грижи навремено и безбедно да ги добиете вашите пратки.Заедно сме во оваа борба и заедно ќе победиме!#ОстаниДома#КупувајОдДома#ЗаштитиСеПосетете не на www.izishop.mk и на Facebook страната на Izishop.