• 18/09/2020

И да победи и да изгуби Ентони Џошуа ќе заработи огромна сума на пари од мечот

 И да победи и да изгуби Ентони Џошуа ќе заработи огромна сума на пари од мечот
loading...
Advertisement

Ентони Џошуа во сабота ќе проба да ја врати титулата за Шампион на Светот во тешка категорија.

Британецот ќе проба да го совлада Енди Руиз и да ги врати појасите кои ги изгуби на 1. јуни во Медисон Сквер Гарден, но и да не успее во тоа, Џошуа ќе има причина за задоволство.

Сумата која што ќе ја земе од натпреварот ќе биде огромна. На негова сметка ќе легнат вкупно 66 милиони фунти.

Доколку ги издржи сите 12 рунди, Џошуа ќе заработи дури 5,5 милиони фунти по рунда, што е уште по импресивно.

Ова е најголемиот хонорар кој некогашниот шампион ќе го добие, а доколку го порази Руиз, сигурно е дека во наредните натпревари тој може да заработи и поголема сума на пари.

Тоа се однесува посебно на дуелите против Вилдер и Фури, бидејќи тие се натпревари кои апсолутно сите ги очекуваат.