И директорот на СЗО оди во самоизолација

 И директорот на СЗО оди во самоизолација

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека бил во контакт со лице кое е позитивно на новиот коронавирус. Тој додаде дека се чувствува добро и нема никакви симптоми на болеста.

„Ме идентификуваа како контакт на некој што има позитивен резултат на Ковид- 19. Добро сум и немам никакви симптоми, но ќе бидам во самоизолација во наредните денови и ќе работам од дома, во согласност со протоколите на СЗО“, објави Тедрос на Твитер.