И до 40 см снег наврнаа во делови на Србија

 И до 40 см снег наврнаа во делови на Србија

Снег со часови вее во неколку региони во Србија. Најмногу во Ужице, Пожега, Чачак, Ивањица.

Во реонот на Ужице снег паѓа од синоќа на повисоките места, а од денесака на утро и во пониските места. Висината на снежната покривка на планините достигна и до 30 см.

Во Краљево паѓа замрзна снег. На планините околу Ивањица наврнале  околу 40 см снег. Во источниот дел на Србија снегот кој паѓа не се задржува на коловозите заради претходниот врнежи од дожд и температурата која е околу 0 степени.

Метеоролозите предвидуваат дека врнежите од снег ќе ја зголемат снежнаа покривка за 15 до 30 см.