
И Јахја од Струга ТЛ на списокот на Милевски за „тестот“ со Работнички
Абдулхади Јахја, еден од најдобрите играчи на Струга Трим Лум во текот на изминатата есен, е повикан од страна на селекторот Благоја Милевски за пријателската средба со Работнички. Средба која се игра во сабота на СРЦ „Атина Бојаџи“ во Охрид, со почеток од 13 часот. Тоа ќе биде последна проверка за нашите надежи за оваа година.
Инаку Јахја има само 20 години. Дете е на Вардар, а има играно и за екипите на Еуромилк, потоа Шкупи и сега е во Струга Трим Лум каде просто „експлодираше“ во тимот кој иако дебитант во ПМФЛ, имаше одлична полусезона.
СТРУЖАНИ НА ОДМОР ДО 4-5 ЈАНУАРИ
За разлика од некои други клубови, кои се уште имаат активности и покрај тоа што сезоната веќе заврши, раководството на Струга Трим Лум и тренерот Јетон Беќири, решија на играчите да им се даде заслужен одмор. Одмор кој ќе трае се до 4-5 јануари следната година за кога е закажан стартот на подготовките. Дознаваме дека во меѓувреме клубот ќе направи напор да го засили уште повеќе тимот со цел напролет да биде уште подобар, иако есенскиот дел беше навистина одличен за Струга Трим Лум.
Извор:sportmedia.mk