И после 41 година од најголемата авионска несреќа во Бугарија, причината останува мистерија

 И после 41 година од најголемата авионска несреќа во Бугарија, причината останува мистерија

Денеска се навршуваат 41 година од најголемата авионска несреќа во Бугарија. Авион од марката Туполев Ту-134 се урна во близина на Враца во северниот дел на Бугарија во 1978 година на лет од Софија кон Варшава, при што загинаа сите 73 патници и членови на екипажот.

Таа несреќа е најголемата во историјата на Бугарија, односно несреќа со најмногу жртви. Но, она што е можеби чудно, е што причината за несреќата и натаму не е позната, и после повеќе од четири децении од нејзиното случување.

Леталото полетува од Софија со 66 патници и 7 членови на екипажот. 10 минути по полетувањето кон север, и на висина од 4900 метри, преминува во остро симнување надолу и паѓа со голема брзина во местото Габаре на 130 километри од Софија.

Иако имало некои претпоставки дека авионот се урнал поради воздушна струја или формирање на т.н. вртлог во воздухот кој го „спуштил“ авионот, сепак, таа теорија никогаш не е докажана.

Меѓу жртвите се и дел од бугарската женска репрезентација по ритмичка гимнастика, при што загинуваат шест членови на националниот тим.

>
>