
И Роналдо го чека спектаклот меѓу Хабиб и Гатје: Ќе победи мојот брат… (ВИДЕО)
Хабиб Нурмагомедов конечно се враќа во октагонот. За седум дена го чека пресметката против Џастин Гатје.
Јасно е дека Хабиб е голем фаворит, но Гатје најави борба и изненадување. Борбата со нетрпение ја чека и Кристијано Роналдо кој моментално деновите ги минува во изолација бидејќи е позитивен на Ковид-19.
На прашањето што мисли кој ќе победи во таа борба, Кристијано Роналдо без размислување…
- „Секако, дека Хабиб ќе победи. Мојот брат…“ – порача Португалецот.