И се заглавила потпетицата на педалот за гас и се забила во излог во Бања Лука

И се заглавила потпетицата на педалот за гас и се забила во излог во Бања Лука

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила денес во Бања Лука.  Девојка со автомобил Пежо влетала во излог на продавница. Како што неофицијално се дознава, на девојка која го управувала возилото и се заглавила штиклата меѓу папучата за гас и кочницата.

Таа возела во кружен тек по што завршила во излог на продавница рушејќи го сообраќајниот знак, а за среќа немало пешаци и избегната е поголема трагедија.

И на продавницата и на возилото е направена голема материјална штета, а автомобилот со кој управувала е службен.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds