И Словенија пријави национален ковид рекорд: За 24 часа се регистрирани 41 смртен случај и 1.925 новозаразени

 И Словенија пријави национален ковид рекорд: За 24 часа се регистрирани 41 смртен случај и 1.925 новозаразени

Members of the medical personnel wear protective masks and protective suits in the intensive care unit at the CHIREC Braine l’Alleud-Waterloo hospital, in Braine l’Alleud, Belgium, October 23, 2020. REUTERS/Yves Herman

Во Словенија, во последните 24 часа, се потврдени 1.925 нови случаи на коронавирус, а во истиот период починаа дури 41 пациент, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Според словенечката Влада, од последниот пресек се тестирани 6.767 лица од кои 28,45 проценти покажале позитивни резултати.

Во болниците во моментот се сместени 1.210 пациенти, 18 помалку од претходниот ден, а бројот на лица на одделите за интензивна нега е намален на 200.

Моментно во „дежелата” има 20.151 активен случај, а стапката на инфекција во последните две недели е 961 на 100.000 жители. Досега во Словенија се регистрирани 50.864 инфицирани лица од кои починаа 676.