И вториот тест на лицето од Кочани е негативен на корона вирус

И вториот тест на лицето од Кочани е негативен на корона вирус

Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот.

И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори. Сите 7 лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата.

Министерството за здравство информира и дека професорот д-р. од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите- епидемиологот и двајцата инфектолози коишто се веќе таму.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds