Ибра брзо сфатил каков човек е Манџукиќ: Се обидов да го поздравам на „наш“ балкански начин, но….

 Ибра брзо сфатил каков човек е Манџукиќ: Се обидов да го поздравам на „наш“ балкански начин, но….

Милан остана „зимски шампион“ во италијанската Серија А по комплетирањето на првиот дел од сезоната, без оглед на тоа што денеска претрпе тежок и убедлив пораз од разиграната Аталанта која се прикажа во своето најдобро светло на „Сан Сиро“.

Тренерот ЏанПјеро Гасперини нагласи дека ова било најдобрата претстава на Аталанта оваа сезона и само така можел да се победи најдобриот тим во Италија по паузата која ја предизвика коронавирусот, а додека претставниците од Бергамо имаа огромна причина за задоволство, во Милан имаше измешани чувства.

Добро е тоа што Милан освои 43 бода во овие 19 натпревари од стартот на сезоната и остана „зимски шампион“ со оглед на тоа што Интер не победи кај Удинезе, но тоа за Златан Ибрахимовиќ нема никакво значење, бидејќи тој потенцира дека најтешкото допрва следи.

– Многу работи беа погрешни денеска. Не сакам да барам оправдувања, на секој натпревар е важно да остварите добар резултат, а денеска не го направивме тоа. После 38 натпревари, загубивме само два меча и тоа не е лошо. Сепак, не е ни добро тоа што денеска загубивме. Можеби сме зимски шампиони, но тоа нема никакво значење за мене. Тешкиот пат допрва претстои, денеска бев изолиран на теренот, можеби тоа се должи на добриот пристап кој го имаше Аталанта, – изјави Ибра за „Скај Спорт Италија“, а потоа даде коментар за Марио Манџукиќ кој дебитираше во поразот од 0:3.

– Сфатив брзо дека Манџукиќ е човек кој не кажува многу. Пробав да му кажам здраво и добредојде на италијански и на „наш“ балкански начин, но тој е повлечен и тивок. Тренерот го праша дали сака да каже неколку збора пред групата и тој рече не. Дефинитивно не е некој што зборува, но тоа е добро за мене. Се гледа дека е максимално концентриран во тоа што го прави, а фудбалот е на прво место, – додаде Златан.

>
>