Идеја за десерт: Лесна и освежителна сладолед торта

 Идеја за десерт: Лесна и освежителна сладолед торта

Десерт кој е идеален за топлите денови што ни претстојат.

Потребни состојки:

500 мл слатка павлака<

160 г кисела павлака

10 г ванилин шеќер

50-100 г шеќер во прав

300 г јагоди

210 г пишкоти

1 плазма

Декорација

Јагоди

Малку филм

Начин на подготовка:

Изматете 500 мл слатка павлака со ванилин шеќер и шеќер. Откако ќе се згусне слатката павлака, додајте кисела павлака и јагоди, матете со миксер уште 1 минута а потоа промешајте со лажица. Од добиената смеса одвојте малку за декорација, а остатокот поделете го на два дела.

На дното на калапот наредете ги пишкотите кои претходно ќе ги натопите во млеко. Ставете половина од филот, па пишкоти, па додајте ја останатата смеса. Оставете ја  тортата во фрижидер најмалку 30 минути, а откако ќе ја извадите декорирајте ја.

>
>