Идеја за десерт: Мафини со јагоди

 Идеја за десерт: Мафини со јагоди
Едноставен и вкусен овошен десерт.

Потребни состојки:

3 јајца

100 г шеќер во прав

80 г путер

100 г брашно

200 г јагоди

Начин на подготовка:

Измијте ги и исечкајте ги јагодите. Подгответе калап за мфини. Изматете путер и шеќер за да добиете соединета смеса.

Додавајте едно по едно јајце и матете убаво по додавање на секое. Во смесата додајте го и брашното и јагодите и промешајте. Со лажица распоредете ја смесата во калапот за мафини и печете 20 минути на 180 степени.

>
>