Идри Истрефи и кандидатите за советници на средба со граѓаните на Струга

 Идри Истрефи и кандидатите за советници на средба со граѓаните на Струга

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга, од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, г-динот Идри Истрефи, денес оствари средба со граѓаните на Струга.

Тој во кратки црти граѓаните ги запозна со напорите кои Алијансата за Албанците и коалицијата ги прават, со цел да се подобри животот во Струга, притоа потенцирајќи дека за тоа потребно е заеднички да се учествува во заедничката борба.

„Имаме план, имаме програма со проекти, со кои ќе го подобриме животот во Општина Струга, бидејќи Струга и Стружани го заслужуваат тоа. Како што знаете, тоа го можеме само заедно, со вашата подршка и доверба“, рече Истрефи.

„Народот е тој кој треба да го каже конечниот збор и да одлучи кој понатаму треба да ја води Општина Струга. Се надеваме дека на 17-ти октомври, народот ќе ја донесе вистинската одлука“, рече тој.

На денешната средба присутни беа носителот на листата за советници, Нијази Џумкар, кандидатите на листата за советници, меѓу кои Амир Муртезоски,Асим Саитоски и Сафет Демиралиески, како и Сурија Рашити, пратеник и претседател на изборниот штаб – Струга, како и активисти и симпатизери на партијата.

извор:dubai-portal.com.mk

>
>