Идри Истрефи на средба со жителите на Добовјани

Идри Истрефи на средба со жителите на Добовјани

Улица по улица и маало по маало, чекоревме заедно со жителите на Добовјани, слушајќи ги внимателно проблемите, но и давајќи ги нашите решенија.

Она што се обидовме да го изразиме е дека, ние сме веќе во последен момент, да најдеме решенија како да им овозможиме на младите да размислат да живеат тука.

Она што го ветуваме е искреност, транспарентност и осудување на корупцијата. Само тогаш можеме да дадеме надеж.

Во тековниот разговор во центарот на селото, јас јасно ја изразив својата загриженост дека нема потреба од спортски терени, доколку немаме деца и млади луѓе кои ќе спортуваат.

За време на нашата посета на оваа населба, ги споделивме нашите летоци, во кои се ипечатени нашите обврски.

Секое наше населено место ќе биде вклучено во буџетот на Општина Струга. За Добовјани, ќе се потрудиме да го поправиме коритото на реката Дрим, за да не биде цел на отпад.

Исто така, еднаш засекогаш, да го решиме проблемот со недостигот на вода за пиење.

Срамота е што во 21 век се наоѓаме во ситуација кога водата за пиење е уште нерешено прашање за Добовјани и за цела Струга. Ние ќе работиме чисто, затоа победата ќе биде чиста.- изјави кандидато за градоначалник на Општина Струга-Идри Истрефи

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds