Идри Истрефи од Дологожда:Струга веќе и се враќа на граѓаните

 Идри Истрефи од Дологожда:Струга веќе и се враќа на граѓаните

Почитувани младинци на Делогожда, дами и господа,Сакам вечерва, од тука во Делогожда, да споделам една добра вест за сите стружани. Струга веќе и се враќа на граѓаните, нашата победа е неизбежна. Синоќешната атмосфера во Радолишта и вечерва во Делогожда се најдобриот показател дека ПОБЕДНИЧКАТА НЕДЕЛА Е ЗАПОЧНАТА.

Додека големата прослава ќе се одржи во недела, 17 октомври, каде заедно, цела Струга без разлика на вера или етничка припадност, ќе го прославиме ослободувањето на институциите на локалната власт и нивното враќање кај граѓаните, во сигурни раце, за чисто управување .

Политичките дебати меѓу пријателите, другарите и сограѓаните нека останат на ниво на конструктивна дебата. По 17 октомври повторно ќе живееме едни со други. Политиката не смее да не подели.

Имам уште една порака до сите оние граѓани кои од различни причини беа поддржувачи на нашите политички противници. Драги браќа и сестри, пријатели, другари, сограѓани, на 17 октомври, кога ќе одите на гласачката кутија, сетете се на една работа. Гласањето е тајно. Со нашата победа победуваат сите граѓани, победува Струга. Никој не губи!

За крај, ве поканувам сите утре во 19 часот на МИТИНГОТ НА ПОБЕДАТА во Струга.-изјави Идри Истрефи.

>
>