
Идри Истрефи во посета на Лабуништа
Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од редовите на Алијансата на Албанците, г-динот Идри Истрефи, денес го посети Лабуништа.
Во кратка средба од страна на жителите и огранокот на оваа партија беше запознат со проблемите на оваа населба, како и потребата од други инфраструктурни објекти кои би го подобриле животот на жителите на Лабуништа.


Нема да правиме големи работи, туку мали работи со голема искреност и посветеност.
Изградба на нова водоводна мрежа до резерварот за вод.
Чистење и дислокација на дивата депонија.
Реконструкција на патиштата и улиците низ селото.
Регулирање на центарот на селото.
При посетата на Лабуништа, г-динот Истрефи, беше придружуван од представници на неговата партија,и од кандидатие за советници Асим Саитоски и Сафет Демиралиески.


