Идри Истрефи во посета на Подгорци

Идри Истрефи во посета на Подгорци

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од редовите на Алијансата на Албанците, г-динот Идри Истрефи, денес го посети Подгорци,

Во кратка средба од страна на граѓаните и огранокот на оваа партија беше запознат со проблемите на оваа населба, како и потребата од други инфраструктурни објекти кои би го подобриле животот на граѓаните на оваа населба.

Во текот на разговорот тој пред присутните укажа на сите проблеми кои ја тиштат целата Oпштина Струга, а не само поедини делови, односно населби, притоа потенцирајќи дека доколку биде избран и ја добие довербата да биде градоначалник на Општина Струга, еден од приоритетите ќе му биде и ревизијата на сите проекти кои реализирала претходната Општинска власт.

При посетата на Подгорци, г-динот Истрефи, беше придружуван од представници на неговата партија, претставник на листата на кандидати за советници Амир Муртезоски, и други членови и симпатизери.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds