Илјадници емигранти ја окупираа автобуската станица во Истанбул, тргнуваат кон Европа преку Македонија

Илјадници емигранти ја окупираа автобуската станица во Истанбул, тргнуваат кон Европа преку Македонија

По непотврдените најави дека Турција ги отвора границите за бегалците чија крајна дестинација е Европа, илјадници емигранти од повеќе азијски земји за кратко време се собраа на главната автобуска станица во Истанбул.

Во раните утрински часови пристигнаа голем број на емигранти од Сирија, Ирак и Иран кои преку патен сообраќај планираат преку турската провинција Едрене да влезат во Грција и Македонија, а потоа патот да го продолжат кон западноевропските земји, првенствено Германија.

Засега само турски официјален претставник во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде има еден милион раселени лица, за западни медиуми рече дека Турција размислува повеќе да не ги спречува бегалците да излезат надвор од земјата.

„Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добија наредба да стојат настрана“, рече официјален претставник од Анкара за западни медиуми.

Група од околу 300 мигранти веќе се упатила од северозападна Турција кон грчката граница, јави турската агенција Демирорен. Тие наведуваат дека во групата има жени и деца и дека се движат кон границата во турската провинција Едрене. Меѓу мигрантите има Сиријци, Ирачани и Иранци.

Меѓутоа, засега нема независна потврда за истото.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds