Илон Маск нуди награда од 100 милиони долари, ова се условите

 Илон Маск нуди награда од 100 милиони долари, ова се условите

Американскиот бизнисмен и милијардер Илон Маск понуди награда од 100 милиони долари за пронаоѓање ефикасен систем за отстранувањето на јаглероден диоксид од атмосферата и од океаните.

„Засега имаме само една планета. Дури и да постои 0,1 проценти за катастрофа, зошто да ризикуваме? Тоа е лудост“, изјави Маск.

Наградата од 100 милиони долари Маск ја најави уште во јануари, натпреварот ќе трае четири години. Во четвртокот американскиот милијардер ги објави условите за учество во натпреварот.

Оние кои ќе аплицираат мора да имаат план за отстранување на јаглероден диоксид за наредните 100 години.

Проблемот со екстракцијата на јаглероден диоксид и неговото складирање  добиваат сè поголемо внимание од истражувачите бидејќи поради климатските промени се топат глечерите, се интензивираат тропските бури.

Во светот годишно се произведуваат околу 50 милијарди тони јаглероден диоксид, отстранувањето би чинело околу 300 долари по тон.

Според процените на научниците, до 2050 година би требало да отстраниме околу 10 милијарди тони јаглероден диоксид.

>
>