Имунитетот на корона би можел да трае со години, па и децении

Ново истражување покажа дека имунитетот на коронавирусот би можел да трае со години, па дури и со децении, пишува Forbes.

Луѓето кои закрепнале од COVID-19 развиле издржливо ниво на Б и Т-клетки. Овие клетки се неопходни на организмот во борбата против вирусот и можат да бидат присутни долго време во телото.

Истражувачи анализираа примероци од крв на 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, а кои на почетокот на пандемијата биле позитивни на коронавирус. Откриле дека повеќето од нив имаат доволно имуни клетки за борба против вирусот и спречување на повторна инфекција.

Антителата се покажале како издржливи и покрај исклучително слабиот степен на опаѓање, што значи дека се потенцијална децениска заштита од вирусот. Иако ова истражување сè уште не е рецензирано, New York Times го нарече „најсеопфатно истражување на одговорот на имунолошкиот систем на коронавирусот“.

Дописничката на New York Times, Апорви Манавил објасни дека голем број луѓе кои биле заразени со вирусот ќе бидат долго време заштитени од повторна инфекција, додека вакцините може да произведат уште подолга заштита.

„Веројатно нема да треба луѓето да се вакцинираат секоја година како што претходно мислевме“, пишува Манавил.