
Инцидент со авионот на Бојко Борисов, му пукнала гума при слетување
Авионот од типот „Фалкон“ во кој бил премиерот на Бугарија Бојко Борисов, со потешкотии слетал на аеродромот во Софија, откако му пукнала гума при првиот обид за слетување, пренесе бугарската агенција „Бгнес“.
Пилотот притоа морал да направи нов обид да слета, овој пат тоа било со процедурата за итни случаи. За среќа, авионот безбедно слетал на аеродромот во Софија, а премиерот Борисов ги продолжил активностите.