• 24/09/2020

ИНДИЈА: Најмалку 20 загинати во демонстрациите против новиот закон

 ИНДИЈА: Најмалку 20 загинати во демонстрациите против новиот закон
loading...
Advertisement

Најмалку пет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, се убиени во северна Индија за време на демонстрациите против новиот закон за државјанство.

Со ова вкупниот број на загинати од почетокот на протестите минатата недела се качил на 20, соопштила денеска локалната полиција.

Индискиот парламент на 11 декември го усвои законот кој го олеснува добивањето на индиско државјанство за бегалците од Авганистан, Бангладеш и Пакистан, освен за муслимани.

Во државата Утар Прадеш со околу 200 милиони жители, од кои 20 отсто се муслимани, има 11 од 20 досегашни жртви на протестите.

Политичката опозиција ја осуди бруталната репресија над демонстрантите од страна на националистичките хиндуистички власти, кои вовеле полициски час, затворале продавници и блокирале пристап кон интернетот во настојување да ги загушат протестите против тој закон.