Иран му возврати на Трамп: Ако нападнете ќе се соочите со разорен одговор

 Иран му возврати на Трамп: Ако нападнете ќе се соочите со разорен одговор

„Иран ќе возврати со разорен одговор на било каков напад од страна на САД“, предупреди иранската влада.

Иранските власти се заканија со „разорен одговор“ откако се појавија информации дека американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица разгледувал опции за напад на иранските нуклеарни постројки, но сепак одлучил да не го прави тоа.

„Било каква акција против иранската нација би се соочила со разорен одговор“, порача портпаролот на иранската влада, Али Рабиеј.

Како што беше претходно објавено, Трамп се двоумел дали да нареди напад на иранските нуклеарни постројки.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ наведе, повикувајќи се на добро упатени американски високи функционери, дека претседателот на САД, после консултацијата со неговите најблиски соработници, на крајот сепак одлучил да се откаже од нападот.