Иран призна дека води случај против американски шпион

 Иран призна дека води случај против американски шпион

Иран првпат призна дека е отворен случај пред Револуционерниот суд во врска со исчезнувањето на поранешниот агент на ФБИ, Роберт Левинсон во 2007 година.

Иран на Обединетите нации им соопшти дека случајот за Роберт Левинсон е „во тек“, без дополнителни детали.

Иранската мисија во Вашингтон не ги коментираше наводите дека се води случај во врска со Левинсон, за кој се тврди дека бил во неовластена мисија на ЦИА во Иран.

Иранскиот револуционерен суд се занимава со „случаи на шпионажа и оние што вклучуваат шверц, богохулење и обиди за соборување на исламската Влада“.

>
>