Иран продолжува да негира дека го урнале украинскиот авион

Иран жестоко ги негира наводите на западните земји дека ракета го урнала украинскиот авион во близина на Техеран. Авионот се урна неделава, а при падот загинаа сите 176 луѓе кои беа во него. Во меѓувреме истражители од две земји се уште ги испитуваат остатоците од леталото.

Шефот на иранската цивилна авијација Али Абеџеде на денешната прес конференција рече дека една работа е сигурна, а тоа е дека авионот не бил погоден од ракета. Овој коментар следува откако вчера oфицијални лица од Соединетите Американски Држави, Британија и Канада рекоа дека разузнавачките податоци индицираат дека авионот паднал поради катастрофална грешка на иранската воздушна одбрана при лансирање на ракетите.

Изјавата на Абеџеде доаѓа и часови откако Техеран им дозволи пристап на украински истражители до деловите од авионот и покани стручни лица од производителот Боинг и од Соединетите Американски Држави да помогнат во истрагата за несреќата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds