Иран: Збогатувањето ураниум до 60% е одговор на израелскиот нуклеарен тероризам

 Иран: Збогатувањето ураниум до 60% е одговор на израелскиот нуклеарен тероризам

Иран очекува следната недела да произведе ураниум збогатен до 60 отсто, изјави амбасадорот на Иран и постојан претставник во меѓународните организации во Виена, Казем Гарибабади, пренесува ТАСС.

„Збогатувањето УФ6 [ураниум хексафлуорид] до 60 отсто ќе се изведе во две каскади на центрифугите ИР-4 и ИР-6 во Натанц. Модификацијата на процесот штотуку почна и очекуваме готов производ следната недела”, напиша Гарибабади на „Твитер“ во вторникот.

Според него, ова значително ќе го подобри квалитетот и квантитетот на радиофармацевтските производи.

Иранскиот претседател Хасан Рухани во средата рече дека подигањето на нивото на збогатување на ураниум до 60 отсто е одговор на израелскиот нуклеарен тероризам.

„Она што вие го сторивте беше нуклеарен тероризам. Она што ние го правиме е легално”, рече Рухани на состанокот на владиниот кабинет.

Според иранскиот претседател, има и такви кои се обиделе да ги „испразнат“ рацете на Иран за време на разговорите во Виена во врска со Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА) од 2015 година, но посочи дека „рацете на Иран се полни“.

„Збогатувањето до 60 отсто е одговор на вашата злоба. Ние ви ги исековме двете раце, едната со центрифуги ИР-6 и другата со збогатување до 60 отсто“, додаде тој.

>
>