• 22/09/2020

Иранскиот Парламент ги означи сите американски сили како „терористички”

 Иранскиот Парламент ги означи сите американски сили како „терористички”
loading...
Advertisement

Иранскиот Парламент денеска донесе закон со кој ги означи сите вооружени сили на САД како „терористички” по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак.

Парламентот неодамна усвои закон што ги означува како „терористи” сите американските сили во Африка, Централна Азија и Блискиот исток. Новиот закон сега важи за Пентагон, односно сите американски сили и сите лица вклучени во убиството на Сулејмани.

Иранскиот генерал ќе биде погребан денеска во родниот град Керман на југоисток каде што утрово започнаа да се собираат граѓани.

Сулејмани беше убиен во петокот на аеродромот во близина на Багдад во напад од американско беспилотно летало по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.