Исчистени струшките гробишта пред Велигденските празници

 Исчистени струшките гробишта пред Велигденските празници

Струшките гробишта уредени пред Велигденските празници.

Иако гробиштата се одржуваат секојдневно, во пресрет на празникот и оваа година вработените во ЈП Комунално-Струга спроведоа повеќедневна акција за генерално чистење на градски гробишта. Се изврши косење на сите парцели, уредени се патеките, собран е отпадот од косената трева и лисја, уредени се влезовите и паркинг просторот.
Воедно, ЈП Комунално Струга упатува апел и повик до граѓаните кои деновиве пред Велигден ќе сакаат да ги исчистат површините околу гробните места, собраниот материјал, да го одлагаат во корпите за отпадоци и контејнерите. Воедно, и за време на посетата на градските гробишта за Велигденските празници граѓаните да водат сметка каде ги одлагаат отпадоците, вели директорот на Јавното Комунално претпријатие Струга Икмет Ислами. 

>
>