Искористете го денешното сонце: Утре спремете се за невреме

Искористете го денешното сонце: Утре спремете се за невреме

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој краткотрајно ќе е поизразен долж Повардарието.

Петок 13.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, што значи дека истите ќе бидат сосема малку повисоки за разлика од изминатите утрини, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Сабота 14.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Минималните температури ќе бидат нешто повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат и малку над 30 степени.

Недела 15.05.2022: Сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, што значи истите дека ќе бидат се повисоки, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds