• 21/09/2020

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

 Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата
loading...
Advertisement

Палестински Исламски џихад денеска соопшти дека се подготвува за војна со Израел откако во израелски воздушен напад рано утринава беше убиен нејзиниот командант за северот од Појасот Газа.
-Ние одиме во војна. Нетанјаху ги мина сите црвени линии со убиството на командантот на Бригадата Ал-Кудс, Наха Абу ел-Ата. Ќе одговориме силно, изјави генералниот секретар на Исламски џихад, Зијад ал-Накхала, за арапските медиуми.
Во соопштението на Исламски џихад, по целното убиство на Аби ел-Ата се наведува дека „овие терористички злосторства се агресија и објава на војна на палестинскиот народ и непријателот ќе ја сноси одговорноста за нив”.
Покрај тоа, во соопштението се додава дека военото крило на организацијата Бригадите ал-Кудс најавува „мобилизација на сите свои борци и дека почна да возвраќа на агресијата и тероризмот и силовито и храбро ќе продолжи да го брани достоинството на палестиснкиот народ”.
Аби ел-Ата(49) , како што се соопштува, беше еден од најистакнатите членови на воениот совет и командант на северниот дел од Појасот Газа.
И движењето Хамас претходно соопшти дека убиството на Аби-ел-Ата нема да мине неказнето, а не неговиот погреб беше кажано „твојата крв, е и наша крв”.
Преговарачот од палестинската управа Саеб Еерекат , исто така, кажа дека израелската Влада ја „сноси целосната одговорност за последиците од ова злосторство”.