Испратен вториот екипаж на кинеската вселенска станица Тјангонг

Испратен вториот екипаж на кинеската вселенска станица Тјангонг

Тим од тројца астронаути од Кина отпатуваа до вселенската станица Тјангонг, одбележувајќи ја првата размена на екипаж.

Тоа е втора вселенска станица со постојан екипаж, откако Кина беше исклучена од програмата на Меѓународната вселенска станица (МВС) во 2011 година. Новиот екипаж ќе остане на кинеската станица шест месеци, а ги замени тројцата колеги кои пристигнаа во јуни. Новиот екипаж полета вчера со вселенското летало „Шенжу-15“, од космодромот „Џиукван“ во пустината Гоби во северозападна Кина.

Ова е последната од 11-те мисии потребни за составување на станицата. Таа ќе биде во функција 10 години и ќе служи за изведување експерименти во услови на речиси нулта гравитација.

Се очекува првиот екипаж да се врати на Земјата на почетокот на декември. Новиот екипаж ќе се сосредоточи на инсталирање опрема и објекти околу станицата.

Кинеската вселенска програма претходно испрати роботски ровери на Марс и на Месечината, а земјата, инаку, е трета со свој екипаж во Земјината Орбита. Мисијата „Шенжу-15“ е предводена од 57-годишниот Феи Џунлонг, кој беше командант и на мисијата „Шенжу-6“ во 2005 година. И следните 10 години, се очекува Кина да лансира по две мисии со екипаж на својата вселенска станица годишно. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy