Историски успех за МЈП Проаква Струга

Историски успех за МЈП Проаква Струга

Историски успех за МЈП Проаква Струга. Вредноста на бодот 7,77 и со ова покачување на платата за 15% за сите вработени во претпријатието. На мрачните денови од претходното раководств – раководството на злоупотребите им дојде крајот. Некогаш време вработените на МЈП Проаква – Струга: – Некогаш 9 неисплатени плати (злоупотребени средства) – Некогаш неплатени придонеси и здравствено осигурување (злоупотребени средства) – Некогаш објектите и канцелариите исклучени од мрежата на електричната енергија (неплатени сметки) – Некогаш ниедна отпремнина исплатена за пензионираните работници (злоупотребени средства) – Некогаш блокирани од Управата за јавни приходи (злоупотребени приходи) – Некогаш на работниците не им се спроведуваа забраните на плата, во 2018 ја најдовме фирмата со неплатени забрани од 2013-та година (злоупотребени средства на штета на вработените и зголемување на трошоците) – Некогаш безнадежни за наплата на средства, а истотака и интервенциите во дефекти се плаќаа од граѓаните (злоупотребени средства) – Некогаш ниедна инвестиција во мрежата за четири години, инвестиции од фондот на с. Радолишта (злоупотребени средства). Колку лошо беше некогаш, работниците не ги сакаат тие мрачни времиња на МЈП Проаква Струга. Денес покачување на платата за повеќе од 15%. Денес исплата на регрес за годишен одмор (13-та плата).

Денес реалноста е како подолу. Горди на работата на екипата кон нови успеси. Горди на соработката со Градоначалникот Рамис Мерко и Општина Струга. Заедно горди за постигнатата работа. Денес работите се поиннаку. Денес поинаква реалност.Во текот на двете последни години МЈП Проаква како Правно Лице во рамките на Општина Струга постигнала позитивни резултати речиси во сите области на нејзиниот делокруг.Придвижени се сите инстанци на претпријатието за да се обезбеди успешна работа и да се извади од големата криза во која беше потоната години наназад. Во текот на 2018-та и 2019-та година бележиме неверојатни успеси во сите области на нашата дејност, и тоа:- Исплатени се сите заостанати плати во вредност од 115.666.239.00 ден каде 41.400.000 се заостанати плати за 2014-2018 и денес работниците на Проаква можат да се пофалат дека за прв пат после многу години им беше исплатена 13-та плата и редовната плата ја земаат секој месец во првите денови на месецот. – Се започна и остварен е голем успех во плаќање на долговите кон сите доверители, кое продолжува со многу стабилно темпо. Исплатените долгови за овие две години се во вредност од 33.330.584.00 и се во врска со:o Исплата на заостанати отпремнини на пензионираните работници во вредност од 2.098.700.00 ден ,o Исплата на заостанати долгови за користени услуги во вредност од 15.700.770.00 Ден , Исплата према управата за јавни приходи 11.800.181.00 денo Различно исплати за работниците за задршки во вредност 3.730.933.00 ден- Во соработка со Општина Струга реализирани се многу хидротехнички зафати кои се особено важни за граѓаните на Општината, извршувајќи зафати за промена на абестните мрежи, кои беа над 50 годишни.- Трошоците се рационализираа, правејќи реални а не фиктивни трошоци, и со ова се постигна преполовување на сите трошоци, како за нафта, електрична енергија, кирија, одржување итн, кои можат слободно да се видат на финансиските резултати.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds