Истражување: 4 клучни симптоми на британскиот сој на коронавирусот, а еве и зошто полесно се пренесува

 Истражување: 4 клучни симптоми на британскиот сој на коронавирусот, а еве и зошто полесно се пренесува

Постојат суптилни разлики помеѓу симптомите на новиот сој на коронавирусот (британскиот) и оригиналната верзија на коронавирусот.

Според најновите податоци, симптомите на британскиот сој на коронавирусот можат да се разликуваат од оние на оригиналната верзија на коронавирусот.

Пациентите кои што се заразени со британскиот сој на коронавирусот ќе развијат четири клучни симптоми.

Анализите откриваат дека постои суптилна разлика кога станува збор за првите знаци на инфекцијата на коронавирусот.

Пациентите кои што се заразени со британскиот сој на коронавирусот во Велика Британија пријавиле, силна кашлица, воспаление на грлото, замор и болка во мускулите.

Исто така, помалку е веројатно дека ќе ги изгубат сетилата мирис и вкус, покажало истражувањето на Заводот за националната статистика во Велика Британија.

Генерално, новите пациенти пријавувале повеќе симптоми од вообичаено.

„Мутацијата на британскиот сој на коронавирусот може да влијае и на симптомите“, предупредил виролог и професор по молекуларна онкологија на Универзитетот Варвик, професорот Лоуренс Јонг, пренесува „Express“.

Тој потврдил дека пациентите кои што се заразени со новиот сој на коронавирусот имаат поголемо оптеретување од вирусот, што ја прави оваа варијанта полесно пренослива.

„Тоа би можело да резултира со раширена инфекција во телото што може да предизвикува повеќе кашлица, болки во мускулите и замор“, додал Јонг.

Вирологот тврди дека некои од овие промени во различните делови од вирусот можат да влијаат на имунолошкиот одговор на телото и исто така да влијаат на распонот на симптомите поврзани со инфекцијата.