
People wearing protective masks walk along the principal shopping street of Via del Corso, as the number of people infected by the coronavirus disease (COVID-19) continues to rise, in Rome, Italy, November 14, 2020. REUTERS/Remo Casilli
Италија ги ублажува мерките
Италија го укинува ограничувањето за бројот на посетители во кината, театрите и концертните сали кои од понеделник повторно ќе можат да работат со 100 проценти капацитет, одлучи владата во четвртокот.
Посетителите ќе треба да покажат потврда дека се вакцинирани против коронавирусот, дека го прележале вирусот или имаат негативен тест.
Покрај тоа, соодветните региони мора да се класифицираат како т.н. бели зони што укажуваат на ниско ниво на инфекција, пишува АНСА.
Од понеделник, на ноќните клубови им е дозволено да полнат 50 проценти од внатрешниот простор и 75 проценти на терасите.
Посетеноста на спортските стадиони ќе се зголеми на 75 проценти на отворено и на 60 проценти во затворен простор.