Италија ја чека одлуката на владата: Катанец на училиштата, баровите и рестораните! Шест региони одат во црвена зона

 Италија ја чека одлуката на владата: Катанец на училиштата, баровите и рестораните! Шест региони одат во црвена зона

Италијанската влада денеска, како што се очекува, ќе објави затворање на училиштата, баровите и рестораните во поголем дел од земјата, за да се спречи растот на заразени од коронавирус.

Италија, која оваа недела ја минала границата од 100.000 починати од пандемијата на ковид-19, бележи голем раст на бројот на заразени и починати, во голем дел како последица од ширењето на британскиот сој на вирусот.

Властите вчера пријавиле 26.000 новозаразени и 374 починати во претходните 24 часа.

Според најпесимистичкото сценарио, големите региони на северот, Ломбардија, Пиемот, Венето, Емилија-Ромања како и Лацио и Калабрија, треба да минат во црвена зона, и на тој начин да им се приклучат на јужните области Кампања, Баликата и Молице.

Влегувањето во црвената зона, според системот на бои кој е на сила во последните неколку месеци, подразбира затворање на училиштата, гимназиите и универзитетите, баровите и рестораните, освен за достава на храна. Движењето е ограничено само на одење на работа, купување на основни потрепштини и итни здравствени случаи.

Тоскана, Лигурија, Омбрија и Абруцо би можеле повторно да се најдат во средната портокалова зона.

Единствено Сицилија ќе остане во жолта, додека Сардинија е во бела зона. Мерките ќе бидат објавени подоцна денеска, по состанокот на владата.

Новите строги рестрикции на национално ниво ќе претставува нов тежок удар за Италија, третата економија во еврозоната, која паднала во сериозна рецесија со заклучувањето во 2020-та година. Меѓутоа, според анкетата објавена минатиот викенд во дневникот “Corriere Della Serra” 44 проценти од Италијанците го поддржуваат затворањето, во однос на 30-те проценти пред само две недели.

Италија ја започнала кампањата за вакцинирање на крајот на декември, но испораките од тогаш значително забавиле и до петокот само 1,8 од вкупно 60 милиони жители добиле две дози вакцини.

x