Италија од денеска е во „црвена зона“: Стогиот карантин ќе биде на сила 4 дена…

 Италија од денеска е во „црвена зона“: Стогиот карантин ќе биде на сила 4 дена…

An employee cleans up a table on an empty terrace at Piazza Navona square in Rome on October 23, 2020, before a nighttime virus curfew enters into force in the Lazio region as a measure against the spread of the Covid-19 pandemic caused by the novel coronavirus. (Photo by Filippo MONTEFORTE / AFP)

Од денеска цела Италија се наоѓа во „црвена зона“ поради пандемијата на коронавирусот. Сите рестриктивни мерки веќе стапија на сила и ќе важат четири дена со цел за време на празникот да се намали пренесувањето на коронавирусот.

Како што пренесува „Ла Република“, затворени се баровите и рестораните, а храна може да се нарача без рестрикција. Продавниците исто така се затворени, со исклучок на супермаркетите и помалите продавници за храна.

Потребна е пропусница за сите кои што излегуваат и до продавница или пак на оние кои што им е потребна физичка активност на отворено.

Тоа што за Италијанците е предност помеѓу ригорозните рестриктивни мерки е дозволата за посета на роднини. Од денеска па до 6-ти јануари ќе може да се оди кај роднина или пријател еднаш дневно, но само ако живее во истиот регион и тоа во период од 5 до 22 часот. Дозволата важи за максимум две лица од домаќинство кои со себе можат да ги понесат и децата доколку се помлади од 14 години, или некој од семејството кој е инвалид.

Патувањето меѓу регионите е дозволено само во случај родителите да треба да ги посетат малолетните деца ако тие живеат одвоени од нив. Движење меѓу региони е дозволено и во случај на посета на роднини кои живеат сами, а не се способни да се грижат за себе.

До 6-ти јануари е забрането да се посетуваат родителите, доколку се постари и во добро здравје, а живеат во друг регион.

Ситуацијата во Италија не се смирува, а во последните 24 часа се регистрирани речиси 15 илјади новозаразени, додека 533 лица починаа како последица на коронавирусот.