Италија во шок: Убиен фудбалски судија и неговата девојка

 Италија во шок: Убиен фудбалски судија и неговата девојка

Шокатни вести доаѓаат од Италија, откако засега непознат сторител извршил свирепо убиство на фудбалскиот судија Даниеле де Сантис и неговата девојка.

Де Сантис и неговата девојка се убиени со нож во заедничкиот стан во Лече. Полицијата со помош на сведоци кои слушнале пискотници и врева трага по убиецот кој е во бегство.Де Сантис бил надежен судија. Тој сезонава напредувал во Серија Б и му се предвидувала успешна кариера во судењето.