Италија воведе построги мерки во јавниот превоз

Италија воведе построги мерки во јавниот превоз

Италијанските власти, по зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19, ги заостриле пропишаните епидемиолошки мерки во такси возилата, возовите и автобусите.

Само двајца патници сега смеат да седат во задниот дел од автомобилот, доколку не се од исто семејство, додека седиштето напред да биде празно, одлучиле Министерството за инфраструктура и Министерството за здравство, објавија денеска италијанските медиуми. .

Железничката полиција добила овластување да ги запре патничките возови доколку постои сомневање дека во возот се наоѓа лице заразено со Ковид-19.

Во тој случај, според пишувањата на медиумите, делот од возот во кој е заразениот мора да се дезинфицира за да може возот да го продолжи патувањето.

Исто така, ако е можно, особено на големите станици, како Рим, Милано и Фиренца, таканаречената „зелена пропусница“, италијанската верзија на сертификатите за ковид, ќе се проверува дали патници ги имаат пред да се качат на меѓуградските возови.

Во автобусите ќе има заштитен ѕид меѓу патниците и возачите, а носењето маски останува задолжително, како и во возовите и такси возилата.

Бројот на заразени секојдневно расте во Италија, но побавно отколку во другите европски земји, како што е Германија.

Седумдневната инциденца била 78 во петокот и 53 една недела претходно, соопштило Министерството за здравство.

Денеска над 84 отсто од Италијанците над 12 години биле целосно вакцинирани, а најмалку 87 отсто примиле единечна доза.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds