Италијанците предупредени за кинескиот сателит: Денеска и утре останете во затворени простории

 Италијанците предупредени за кинескиот сателит: Денеска и утре останете во затворени простории

Според зборовите на директорот на Цивилната заштита Фабрицио Курчи, кои ги пренесува агенцијата “Ansa”, постои мала веројатност деловите од сателитот, дури и ако паднат, да оштетат згради, но граѓаните за секој случај се советуваат да останат зад затворени врати.

Како што е веќе соопштено, остатоците од кинескиот сателит, кој во орбитата е без контрола, според проценките на кинеските експерти треба да паднат во море, но постои и мала веројатност да завршат некаде каде што не е планирано.

Ракетата “Long March 5Bv” била лансирана минатата недела и тоа е втора ракета од тој тип која од мај минатата година е лансирана во вселената.

Остатоците од “Long March” кои паднале на Земјата по минатогодишната мисија, биле тешки околу 20 тони.

x