Италијанец земал плата 15 години без воопшто да се појави на работа

 Италијанец земал плата 15 години без воопшто да се појави на работа

????????????????????????????????????

Италијанец, вработен во локална здравствена установа во Калабрија, добивал плата цели 15 години без никогаш да се појави на работа.

Тој бил вработен во одделот за итни интервенции во случај на пожар, а за тоа време заработил повеќе од половина милион евра.

Полицијата ги прегледала картичките за присуство и открила дека 66-годишниот Салваторе С. никогаш не дошол на работа за која земал редовна плата, а со цел да обезбеди такво нешто, Салваторе постојано испраќал „трето“ лице кое јасно му се заканувало на шефовите, колегите и членовите на нивните семејства, ако не дозволат Салватор да не работи и да прима плата, пренесува Анса.

Обвинителството ги истражува деталите за случајот, а покрај „серискиот неработник“, како што го дефинира локалниот печат, обвинети се уште 6 вработени во таа здравствена установа, меѓу кои и двајца шефови.

x