Италијанската полиција уапси „инфлуенсерка“ поради смртта на 10-годишното девојче

 Италијанската полиција уапси „инфлуенсерка“ поради смртта на 10-годишното девојче

Италијанската полиција денеска поведе обвинение против жена од Сицилија за „поттикнување самоубиство“ со виралниот и опасен предизвик со задушување што го објави на Тик Ток.

Ова доаѓа една недела откако 10-годишно девојче се задуши учествувајќи во ужасниот предизвик.

Полицијата соопшти дека видеото, објавено без ограничувања на платформата на социјалната мрежа од страна на 48-годишниот „инфлуенсер“ од Сицилија, е „крајно опасно“ и може да го гледаат сите, вклучително и децата.

Видеото го прикажува предизвикот помеѓу жената и мажот „во кој и двајцата ги завиткаа лицата, вклучително и ноздрите и устата, со проѕирна леплива лента, за да не можат да дишат“, се вели во соопштението на полицијата, додавајќи дека видеото е тргнато од социјалната мрежа.

>
>