Италијански научник има ново предвидување за коронавирусот – откри кога ќе престане пандемијата

 Италијански научник има ново предвидување за коронавирусот – откри кога ќе престане пандемијата

Пандемијата Ковид 19 ќе престане дури некаде меѓу април и мај следната година, тврди италијанскиот научник, професор на Универзитетот во Наполи, Франческо Санино.

Тој раководи со група научници и истражувачи кои веќе претходно, користејќи се со математички методи, прогнозирале дека новиот бран на пандемијата ќе биде меѓу октомври и ноември.

– Нашите проценки се покажаа високи потковани, очекувавме владата да ги уважи резултатите до кои дојдовме и да преземе на време одговарачки мерки, но за жал не беше така – рекол за весникот „Il Fato Kotidijano” професорот Сонино.

Според новите проценки кои се објавени во научниот весник „Сајантфик Рипорт“ во Италија би можело да има околу 8 милиони заразени од коронавирус.

Професорот Сонино тврди дека сме сега на почеток на вториот бран на пандемијата и дека ефикансоста на мерките кои сега се преземаат ќе се покаже за неколку недели.