• 30/09/2020

Италјанскиот Портал www.ilpiave.it со пофалби за работата на Лабунишката дијаспора

 Италјанскиот Портал www.ilpiave.it со пофалби за работата на Лабунишката дијаспора
loading...
Advertisement

Италјанскиот Портал www.ilpiave.it на својот веб-сајт после добиени информации ја пофали Diaspora Labunista CH. за активноста и организацијата на ова хуманитарно друштво и како треба да се постапува во вакви околности.

Во продолжение прочитајте го во целост преведениот текст:

Оваа хуманитарна фондација во Цирих исполнува приоритетна улога во поддршката на македонското население погодено од економската криза.
„Оваа храбра Фондација – Дијаспора Лабуништа – е наша гордост“, вели нашиот македонски пријател Адем Османоски и додава: „епидемијата ковид 19 предизвика глобална економска криза така што не го поштеди и градот Лабуништа.

Особено во овој град веднаш до Струга, активностите се намалени и често, целосно прекинати “. Треба да се знае дека пред неколку години, благодарение на Имам Нагим еф. Мустафоски, во Цирих е основана Фондацијата „Diaspora Labunista CH“, со функција обезбедување материјална и економска помош на градот, во случај на природни непогоди како што се поплави, земјотреси епидемии и сл .

Оваа меѓународна фондација во најголем дел е составена од македонски работници кои живеат во Швајцарија и во други европски земји. Како и во минатото, секој придонесува во случај на потреба, да ја ублажи економската состојба на граѓаните на Лабуништа.

Во овој тежок момент, се отвори претплата што овозможи да се купат брза помош, цилиндри за кислород и заштитен материјал; сето тоа за градската болница.

Покрај тоа, потпишан е и договор со супермаркетот „Нето маркет“ да се обезбеди храна бесплатно за луѓето кои имаат потреба.
Во оваа трка на солидарност учестуваат трговци, помали претпријатија волонтери без никаква корисна цел.

Прекрасен пример на солидарност што треба да го следат и други хуманитарни друштва , економски групи и јавни администрации што имаат напредувано во минатото, и благодарение на дискретна и тивка посветеност на многу лица.

Џиан Пјетро Бонтемпи

Превод: Башким Шаиноски