Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон

Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде помеѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон.

Македонецот попладнево загуби од Шпанецот Педро Роденас (Шпанија) со 2:1.

Во меч што траеше два часа, Ивановски го доби првиот сет со 6:3, вториот го загуби на тај-брејк со 6:7 (5:7), а третиот со 4:6.

Роденас во полуфиналето ќе се сретне со Хрватот Мили Пољичак. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds