ИВЗ во соработка со Генералниот директорат на фондации на Турција ќе додели 80 тони хуманитарна помош

 ИВЗ во соработка со Генералниот директорат на фондации на Турција ќе додели 80 тони хуманитарна помош

„Кога овие денови во Рамазан постиме, чувствуваме што значи да немаш, што значи сиромаштија, што значи да бидеш гладен. Значи постот кај човекот создава чувство за помагање на другите и чувство за внимание кон човекот“, нагласи Фетаху.

Исламската верска заедница на Република Северна Македонија во соработка со хуманитарната организација „Хилал“ и со Генералниот директорат на фондации при Министерството за култура и туризам на Турција, за време на месец Рамазан ќе додели 80 тони хуманитарна помош за семејствата кои имаат потреба, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Исламската заедница на Република Северна Македонија (ИВЗ), Шаќир Фетаху, денеска во дворот на ИВЗ одржа прес-конференција по повод почнувањето на дистрибуцијата на 80 тони хуманитарна помош за месец Рамазан.

Потсетувајќи дека се наоѓаме на самиот почеток на светиот месец Рамазан, Фетаху рече дека Рамазан е месецот на постот, месецот на објавувањето на светата книга Куран, месецот на знаењето, месецот на мирот и благосостојбата, а особено е месец на солидарност.

„Кога овие денови во Рамазан постиме, чувствуваме што значи да немаш, што значи сиромаштија, што значи да бидеш гладен. Значи постот кај човекот создава чувство за помагање на другите и чувство за внимание кон човекот“, нагласи Фетаху.

Наведувајќи дека Исламската верска заедница на Северна Македонија проектирала разни активности за месец Рамазан, Фетаху рече дека особено внимание посветила на солидарноста.

Фетаху, истакнувајќи дека епидемијата од Ковид-19 создала големи проблеми во економијата на нашето општество, рече дека ИВЗ заедно со хуманитарна организација „Хилал“ во соработка со Генералниот директорат на фондации при Министерството за култура и туризам на Турција, подготвила проект од 80 тони хуманитарна помош или 4.000 пакети со храна за семејства од целата земја.

„Од денеска ќе се дистрибуираат во разни муфтиства, во разни градови, почнувајќи од Скопје, Куманово, па сѐ до Охрид, Струга, Дебар итн.“, додаде Фетаху, заблагодарувајќи се на турскиот Генерален директорат на фондации за соработката и помошта.

Претседателот на Исламската заедница на Република Северна Македонија (ИВЗ) на прес-конференцијата уште еднаш апелира до сите верница да продолжат со голема дисциплина да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство, за да се даде придонес за надминување на оваа тешка и голема здравствена криза.

>
>